Нож под грло на вработена во Собранието на РМ

Од:

Расправија, неофицијално поради нерасчистени должнички односи,  заврши со напад со нож врз вработена во Секторот за технича поддршка во Собранието.

Инцидентот се случил околу 8 часот утрото, кога Д.С.(1964) од Скопје, пријавила насилство од страна на нејзин колега.

Тој влегол во канцеларијата во која била присутна и нивната колешка М.М. и започнал расправија во која М.М. се обидела да го смири.

Во еден момент тој извадил нож и заканувачки и го ставол во слабината повикуваќи ја да излезе надвор со него. Откако таа почнала да се спротивставува, истиот и го ставил ножот на вратот, по што М.М. почнала да врти на телефон кај обезбедувањето.

Колегата се обидел да ја спречи, а Д.С го искористила момент и избегала надвор кај обезбедувањето.

СВР-Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

 

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец