Се поставуваат нови метални столпчиња за побезбедно движење на пешаците во Неготино

Од:

Општина Неготино започна со реализација на уште една активност од проектот „Мојот убав град“ инициран од градоначалникот Тони Делков, информира портпаролот Методи Митрев.

– Поставени се 100 метални столпчиња на потегот од Стоковната куќа до семафорите. Истите согласно пропишаните норми се поставуваат на оддалеченост од 1,30 метри, а основната цел е со столпчињата да се спречи паркирањето возила на тротоарите и да се обезбеди непречено и безбедно движење на пешаците, соопштува Митрев.

Додава дека вакви метални столпчиња ќе бидат поставени и на самиот градски плоштад, на местото на старите и оштетени од дотурот на стока од тешки товарни возила.

– Исто така метални столпчиња ќе бидат поставени и пред ООУ„Гоце Делчев“ . Инаку, со проектот „Мојот убав град“ и спроведувањето на планираните активности, ќе се придонесе за создавање нови и поголеми зелени површини во градот, хортикултурно уредување, зголемена проодност на тротоарите, изградба на нови детски игралишта, создавање побезбеден пристап на учениците до училиштата, поплочување на помали улички со бекатон плочки, уредување на влезот и излезот од градот и многу други активности, нагласува општинскиот портпарол.

Би можело да ве интересира

После четири години истрага, поднесено е обвинение за несреќа каде загина работник во сепарација на Вардар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мантев: Неспособноста на ДПМНЕ го доведе Неготино во очај, ние имаме решенија и ќе го вратиме сјајот на градот

Филипче: Петар Мантев е човек од народот, Неготино заслужува вистински градоначалник

(ВИДЕО) Филипче: Тоа што СДСМ го создаде ДПМНЕ го руши, укинати здравствените услуги во Неготино

Каранфилова –Пановска од Неготино: Програмата на Мантев со низа мерки за лицата со попреченост

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски