Кралицата ќе го даде знакот за почеток на Лондонскиот маратон

Од:

Во британската престолнина на 22 април ќе се одржи една од најпрестижните маратонски трки во светот, а знакот за почеток на 37-от Лондонски маратон ќе го даде кралицата Елизабета II, која ден порано ќе напони 92 години.

Нејзиното височество од специјален подиум поставен во замокот Виндзор ќе го притисне копчето за старт.

– Навистина се чувствуваме почестени што Нејзиното височество прифати да го даде знакот за старт на маратонот. Тоа навистина ни е важно бидејќи се случува на 110-годишнината од стартот на Олимпискиот маратон во Лондон, за чиј старт знакот го има дадено принцеазата Мери, која е баба на кралицата, нагласи претседателот на организациониот одбор Џон Сперлинг.

Кралицата е трет член на кралското семејство кој го дал знакот за старт на Лондонскиот маратон, што прв пат се одржа во 1981 година. Прва беше принцезата Дијана во 1988 година, а минатата година нејзините синови принцевите Вилијам и Хари го дадоа знакот за почеток на најмасовната трка во Европа.

На маратонот кој е долг 42,164 километри ќе учествуваат над 40 илјади натпреварувачи.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Три жени ранети во престрелка во Англија