(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Видовме јавно признание дека Заев земал мито

Од:

Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека луѓето кои со месеци протестираа против антидржавните политики на Заев не се и нема да бидат терористи без разлика што судот и јавното обвинителство сакаат политички да ги гонат и да се изживуваат со нив и нивните семејства.

– Стотици илјади граѓани секојдневно протестираа за зачувување на интегритетот и суверенитетот на Република Македонија. Дури и сите да ги уапси, Зоран Заев нема да успее да го згази чувството на патриотизам и љубовта кон сопствената држава. Дури и сите со политичка и одлука да ги фрли во притвор нема да ја убие љубовта кон Македонија. Зоран Заев и СДСМ немаат капацитет да го разберат ова. Немаат капацитет затоа што Зоран Заев е уценет човек. Зоран Заев мора да прави концесии на штета на националните и државните интереси за да се спаси од одговорноста за сторениот криминал, рече Ѓорѓиев.

Тој додаде дека јавноста виде многу слики и видео материјали од тоа како Заев барал поткуп од бизнисмени.

– Конечно видовме и пред судот, јавно признание дека Заев бесрамно земал мито од едно евро за него, едно евро за партијата и едно евро за црквата, по метар квадратен. Со кој кредибилитет Зоран Заев мисли понатаму да ја води државата? Има ли друг Премиер во Европа за кој со докази е документирано дека барал поткуп? Уште од колку бизнисмени во Струмица е побаран поткуп? Дали Премиерската функција ја користи за да го продолжи истиот принцип на работа? Зоран Заев веќе нема кредибилитет да биде прв човек на Владата. Ниедна закана, ниеден притвор и ниедна манипулација не може да ја покријат срамната снимка на која што се гледа начинот на кој што работи, рече Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал