29-годишниот скопјанец е во тешка и сериозна состојба и се бори за живот на скопските клиники откако вчера попладне околу 17:40 часот скокнал од прозорец на 4-ти кат на улица Трифун Пановски во Карпош.
Toj живеел во станот со својата вереница. Првичните информации се дека прво меѓу двајцата имало расправија, а повредениот се обидел да ја фати и да ја фрли вереницата низ прозор.
Откако не успеал во првичната намера се откажал и сам се фрлил од 4-ти кат по што добил сериозни и по живот опасни повреди.