Денес во просториите на Општина Кисела Вода, градоначалникот Филип Темелковски и претставниците на спортските субјекти, клубови и здруженија кои аплицираа за материјална поддршка потпишаа договори за користење на истата. На свеченото потпишување на договорите градоначалникот беше придружуван од страна на секретарот на општина Кисела Вода, Александар Алексовски и раководителот на Одделението за спорт Тони Чупоски.
Општина Кисела Вода со доделувањето на оваа помош има за цел да го подобри работењето на спортските клубови кои со своите програми и активности придонесуваат за развојот на спортот и физичката култура кај децата и младите на нејзина територија.
Материјална поддршка за идна реализација на спортски програми добија 14 спортски клубови, додека 9 клубови за организирање на спортски манифестации.
Имено, по предходно донесена одлука од страна на градоначалникот Филип Темелковски Општина Кисела Вода распиша јавен оглас за доделување на материјална поддршка на спортските субјекти кои опстојуваат на нејзина територија.