(ВИДЕО) Лазарова: Одлуката за раскинување на договорот за Казандол е од особен интерес за граѓаните

Од:

„За Социјалдемократскиот сојуз на Македонија здравјето на граѓаните е врвен приоритет а почитувањето на законите принцип кој мора да важи за сите.

Одлуката на Владата за раскинување на договорот со концесионерот за рудникот Казандол, поради неисполнети клучни услови, е одговорност пред граѓаните, пред законите, процедурите, здравјето и животната средина.

Оваа одлука е од особена, исклучителна важност за граѓаните од југоисточниот регион на Република Македонија“, рече Мери Лазарова, пратеничка на СДСМ во Собранието на Република Македонија.

„Моите, нашите сограѓани, од Валандово, Богданци, Дојран, Гевгелија, први го кренаа гласот. Поддржани од граѓанските невладини организации, граѓаните протестираа и предупредуваа за штетноста на одлуката на поранешната власт и опасноста што ја носи.

Како одговорна партија го слушаме гласот на граѓаните и нивните заложби, коишто беа потврдени и на реферндуми во засегнатите општини.

Создаваме услови за производство на здрава храна во целиот регион и здрав живот за сите.

Со ова се исполнува и дадениот збор пред граѓаните дека нивното здравје нема да биде загрозено и доколку не се исполнат потребните услови рудник нема да се гради.

Здравјето на граѓаните, квалитетната и чиста животна средина се далеку над кој било приватен интерес. Секој граѓанин има право да живее и функционира во чиста и здрава животна средина.

СДСМ останува целосно посветена на зголемување на економскииот раст, заштита на животната средина и здравјето на граѓаните“, изјави пратеничката Лазарова.

Би можело да ве интересира

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница