Почнува реконструкцијата на северниот сообраќаен влез во Битола

Од:

Екипи на локалното јавно претпријатие „Нискоградба“ и подружницата на „Македонија пат“ од Битола почнаа со обележување на коловозот и поставување сообраќајни знаци за ограничен режим на движење, со што формално почна реконструкцијата на северниот главен сообраќаен влез во Битола или влезот од страна на Прилеп.

Реализацијата на проектот се врши на иницијатива на општина Битола, во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта во рамки на програмата „Рехабилитација на регионалните патишта“.

– Реконструкцијата на влезот во Битола или влез од страната на градот Прилеп ќе се одвива фазно. Денес ги поставуваме сообраќајните знаци, ограничен режим и насока на движење со што ќе им се овозможи на возачите лесно адаптирање и можност за соработка и разбирање со нашите екипи. Според планот, реконструкцијата ќе се одвива во насока од Битола кон Прилеп и целосно ќе биде отстранет асфалтот кој во минатото бил прилепуван во слоеви или крпен на повеќе места кој долго време е нефункционален. Ќе се интервенира подлабоко, ќе се извади камената коцка која со децении е на патот и ќе се постави нова атмосферска канализација бидејќи сегашната е целосно оштетена, изјави Методи Силјановски, директор на „Нискоградба“.

Според проектот, отстранувањето на асфалтот почнува по десната страна од коловозот во насока на Прилеп и прво ќе биде саниран најоштетениот дел до излезот на населеното место Горно Оризари.

– Сообраќајниот излез на населеното место Горно Оризари, всушност е и излез од територијата на општина Битола, а потоа почнува индустрискиот дел кој е од двете страни на регионалниот патен правец Р1101 кој води до сообраќајната клучка и разделница на патот Охрид-Битола-Прилеп-Демир Хисар. Во овој момент е важно нашите екипи кои се стручни за нискоградба да ја постават новата атмосферска канализација бидејќи дождовните води што се собираа и задржуваа на патот, истовремено и го оштетуваа, посочи Силјановски.

Реконструкцијата на Северниот влез во Битола се очекува да заврши за неколку месеци.

Би можело да ве интересира

26-годишна жена од Битола осомничена за обид за убиство на нејзините баба и дедо

Горан Наумовски

Денеска во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“

Во Битола ноќеска беа опожарени „тојота“, „фолксваген пасат“ и „дачиа логан“

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Земјотрес e почувствуван во Битола и околината

Општина Битола издвои два милиони денари за семејствата на починатите и за повредените во пожарот во Кочани