(ВИДЕО) Вељановски: Скандал без преседан е МОБ да доцни со исплата на странските уметници

Од:

Скандал без преседан е Македонската опера и балет со месеци да доцни со исплата на странските уметници кои хонорарно се ангажирани, а во исто време да се трошат илјадници евра на скапи репрезентации по ресторани и хотели, вели Роберт Вељановски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јапонскиот балетан Кенто Терашита е само еден од неколкутемина странски уметници кои хонорарно се ангажирани во Македонската опера и балет и на кои три месеци не им е исплатен заработениот хонорар. Терашита на својот фејсбук-профил, разочаран во врска со проблемот при исплатата, праша дали МОБ е професионална институција, дали ова е национална установа и дали оваа ситуација е нормална во Македонија“, рече тој.

Според Вељановски, недозволиво е уметник кој си го исполнил договорот и ја завршил работата за која бил ангажиран да чека со месеци да му биде исплатен хонорарот. Дополнително, додаде тој, скандалозен е фактот што истиот, поради недостиг на материјални средства, не може да оди на лекарски третман, иако е повреден на проба во институцијата којашто го ангажирала.

„ВМРО-ДПМНЕ цени дека скандалозните постапки и процедури при донесувањето на Годишната програма за работа во културата за 2018 година е главната причината зошто националните установи повеќе од три месеци се оставени без буџетска поддршка и не се во состојба да ги подмируваат елементарните обврски за работа“, рече поранешниот директор на Драмскиот театар.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ бара ресорниот министер, Роберт Алаѓозовски, да ја понесе комплетната морална и политичка одговорност не само за овој случај туку и за целокупните состојби во македонската култура.

Би можело да ве интересира

ДПМНЕ постави партиски ветеран бугарофил за член на Комисијата за заштита од дискриминација, обвинува Левица

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е тешко да сфати, но кога последен пат бил уапсен член на обезбедувањето на премиерот, нема милост за криминогените

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра од Аеродром, Кисела Вода, Неготино и Министерството за спорт

Стојаноски: СДС и ДУИ, заедно со нивните судии и обвинители се во акција за заштита на мазут мафијата

Катерина Ѓуровски

СДСМ: За девет месеци општините на ВМРО-ДПМНЕ склучиле 170 тендери со Пуцко Петрол

Катерина Ѓуровски

Сајкоски: Интерпелациите на пет членови на Судскиот совет се клучен момент во борбата за владеење на правото и довербата во институциите

Катерина Ѓуровски