Ромпуј: ЕУ ќе ги исполни обврските кон Србија

Од:

Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј по денешната средба со српскиот премиер Ивица Дачиќ вети дека Европската унија ќе ги исполни обврските кон Србија, додека Дачиќ изјави оти очекува што побрзо отпочнување на преговори за членство.

– Српскиот народ заслужува да живее подобро, изјави Дачиќ.

Ромпуј наведе дека ЕУ ќе ги исполни обврските кон Србија, додавајќи дека покрај неопходните реформи потребни се и нови чекори за нормализација на односите со Косово.

– Времето е од клучна важност, престојат големи предизвици, посочи Ромпуј.

Тој потсети дека Еврпскиот совет на пролет ќе го оцени напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина, а потоа ќе донесе одлука за отпочнување на преговорите.

Дачиќ ја повтори определбата на Србија за реализација за две клучни цели на националната политика: изнаоѓање одржливо решение за односите меѓу Белград и Приштина и што побрз напредок кон европските интеграции.

– Ќе водиме сметка за легитимните интереси на Србија и на Србите во Косово, а секако и за интересите на Албанците, вети Дачиќ.

Српскиот премиер со средбата со Ромпуј ја заврши посетата на Брисел.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија