Поставена првата ЕКО ЗОНА во општина Центар

Од:

Општина Центар и колективниот постапувач „Нула отпад“ го продолжуваат проектот за собирање на отпадната електрична и електронска опрема Со цел, да се овозможи локација блиску до граѓаните, поставена е ЕКО ЗОНА во срцето на општината на почетокот на Градски Трговски Центар. Овој простор е наменет за оставање на мали електронски уреди и апарати.

„Ова е прва ЕКО ЗОНА на територијата на општина Центар. Ги повикувам граѓаните на овој начин да се ослободат од опасниот отпад. Со ова директно придонесуваме за здрава животна средина, што е една од главните заложби на мене како градоначалник и на општина Центар. Ние сме секогаш за соработка и поддршка на вакви корисни акции и проекти“, рече градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ.

Директорот на ГТЦ Ѓоко Трајчевски ги повика сите стопанственици и сопственици на дуќани во ЕКО ЗОНА да го складираат малиот електричен и електронски отпад.

„И натаму ќе продолжиме со соработката со градоначалникот и со поставување на ЕКО ЗОНИ на територијата на општина Центар, бидејќи ова е од интерес на граѓаните“, рече директорот на колективниот постапувач „Нула отпад“ Марјанчо Дамески.

Електричниот и електронскиот отпад иако навидум делува како нетоксичен отпад, нивното несоодветно третирање, уништување и депонирање доведува до испуштање на тешки метали во воздухот, водата и почвата, кои што сериозно делуваат на здравјето на граѓаните и воопшто на квалитетот на животната средина.

Општина Центар, во соработка со колективниот постапувач „Нула отпад“ од Скопје, го продолжува проектот за собирање на отпадната електрична и електронска опрема од домаќинствата „Донеси стар уред и земи ваучер со попуст за нов“.

Проектот започна во 2016 година со акции во урбаните заедници и континуирано се спроведува трета година по ред. На овој начин, Општината ги исполнува законските надлежности согласно Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и спроведува редовно организирано собирање на отпадот од својата територија.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила