СПУКМ: Предложениот закон ја урива студентската автономија

Од:

Студентскиот парламент при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (СПУКМ) смета дека со предложениот текст на новиот закон за високо образование, кој е предаден во собраниска процедура, „власта и МОН посегнуваат по автономијата на Универзитетот“.

Според СПУКМ, се ограничува кандидирањето за претседател на студентска организација затоа што, како што наведува, предвидено е новиот претседател да се избира од редот на студентското собрание, односно од 44 лица, а не на непосредни избори.

– Наместо зачувување на автономијата, на најбрутален начин се руши студентската автономија и организирањето на студентите. Изборите за студентските претставници на факултетстките студентски собранија ги распишува деканот наместо самите студенти.
 На новото тело Универзитетско студентско собрание се наметнува делегатски систем на гласање, односно 44 студенти одбрани од факултетските студентски собранија да одлучуваат кој ќе биде претседател. Идејата со ова очигледно им е да не вратат години наназад или во претходниот систем, кога функционираше делегатски систем, наведува Студентскиот парламент на УКИМ.

СПУКМ во реакцијата прашува и дали студентскиот правобранител треба им служи на студентите или на професорите бидејќи, како што посочува, наместо од студентите тој ќе се избира на седница на Универзитетскиот сенат и на сенатот ќе треба да му поднесува извештаи за неговата работа.

Би можело да ве интересира

Студентски Пленум: УКИМ се обидува да ни протне нашминкана варијанта на криминалниот СПУКМ

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Референдум: Над 2.000 студенти побараа контрола на парите на Студентскиот парламент

А1он

ВИДЕО: Денеска студентите решаваат за судбината на СПУКМ

Ана Ололовска

ВИДЕО: Со референдум студентите ќе се обидат да воспостават контрола врз Студентскиот парламент

А1он

Студентскиот лидер трошел илјадници евра, пари на студентите за авионски билети, телефонски сметки и забави

А1он

Наставно научниот и уметничкиот совет на ФДУ не ги прифаќа резултатите од изборот на студентски лидер