Изложбата „Ана Франк – Историја за денес“ посветена на животот на малата Ана Франк и нејзиното семејство во Втората светска војна ќе биде отворена вечер во Домот на културата „25 Мај“ во Валандово.
Изложбата ја организира Младинскиот образовен форум во соработка со Куќата на Ана Франк од Амстердам. Таа содржи 39 изложбени паноа со податоци за животот на Ана Франк на македонски и на албански јазик. Има и паноа кои се креирани посебно за македонскиот контекст во периодот по Втората светска војна до денес.
– Целта на Куќата на Ана Франк и партнерите е преку проектот да промовираме критичко мислење за настани од историјата и преку нивното значење во современоста да се постигне помирување за заедничкото минато преку дијалог, посочуваат организаторите.