Несторовска се сретна со раководителот на Европскиот центар за борба против криумчарење мигранти

Од:

Државниот секретар во МВР, Магдалена Несторовска денеска се сретна со раководителот на Европскиот центар за борба против криумчарење мигранти. Роберт Црепинко.

МВР соопшти дека по средбата тие ја посетиле новофомираната Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе на Република Македонија и Секторот за меѓународна полициска соработка. Црепинко ја поздравил одлуката за формирање Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе и изразил подготвеност за натамошна соработка.

Исто така било дискутирано за трговијата со луѓе и илегална миграција во Република Македонија од аспект на поддршка и вклучување на Европол, согласно можностите кои ги има на располагање, како и организирање прилагодени обуки, со цел изработка на аналитички продукти слични на оние кои ги изработува Европол EMSC и дискутирање на идни можности за соработка.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец