Велика Британија како доверливи чува некои од податоците за соработката со Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ), за да манипулира со информациите за случајот „Скрипал“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
– Дури и информациите за односите на Лондон со ОПЦВ се доверливи. За она што таму се случува дознаваме од медиумите. Што е целта на тие информации? Од една страна, тие навестуваат дека Велика Британија соработува со меѓународната организација. А тоа очигледно значи дека се крева нивото на доверба во она што го зборуваат британските функционери. Од друга страна, тоа се неофицијални информации, кои можат дополнително да се прилагодат, изјави Захарова за Телевизија Русија 1.
Според неа, „истекувањето“ информации во британските меидуми покажуваат дека претставници на ОПЦВ имале пристап до Сергеј и Јулија Скрипал.
– А како претставниците на ОПЦВ знаеле кој им е прикажан, кои се навистина тие личности, дали се тие Скрипал или луѓе кои наликуваат на нив?, праша Захариева.
Лондон ја обвинува Москва дека стои зад обидот за убиство на Сергеј и Јулија Скрипал на британско тло изведен на 4 март, со помош на нервен агенс. Русија категорично демантира.
Велика Британија протера 23 руски дипломати,. по што Русија возврати протерувајќи ист број британски дипломати.
Како реакција на овој случај, амбасадорот на ЕУ во Русија е повикан на консултации во Брисел. Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини имаше „консултации со шефот на мисијата на ЕУ за Руската Федерација“, се наведува во синоќешното соопштение од нејзиниот кабинет. Во соопштението се дополнува дека консултациите ќе траат и во слендите неколку денови.
Неколку земји од ЕУ во петокот најавија дека во слендите денови ќе преземат мерки против Русија, како што е протерување дипломати, како реакција на обидот за убиство на Скрипал.