Над 50 повредени во демонстрации во Барселона

Од:

Околу 50.000 луѓе синоќа излегоа на протести по улиците на Барселона по апсењето на поранешниот претседател на каталонската регионална Влада, Карлес Пуџдемон во Германија.

Демонстрантите фрлаа со шишиња, јајца, метални предмети и отпад кон полицајцитe, по што силите за одржување на редот испукаа предупредувачки истрели и употребија палки против насобраните. Протестниот марш се одржа од претставништвото на Европската комисија до германскиот Конзулат.

Во немирите беа повредени повеќе од 50 лица, меѓу кои и осуммина полицајци, а четворица демонстранти се уапсени.

Германската полиција вчера го уапси Пуџдемонна границата меѓу Германија и Данска. Тој бил задржан кога со автомобил ја минувал границата, потврди неговиот адвокат.

Пуџдемон се враќал од Финска, каде престојуваше минатата недела на покана на фински пратеник. Според тој пратеник, Пуџдемон во петокот ја напуштил Финска во правец на Белгија на „неутврден начин“. Финската полиција вчера информираше дека примила налог од Шпанија за негово апсење, но одговори дека не знае каде тој се наоѓа.

Пуџдемон е уапсен врз основа на меѓународната потреница, што во петокот вечерта ја објави Врховниот суд на Шпанија, поради бунт и организација на референдум за независност на Каталонија. Според шпанскиот закон, доколку биде осуден, може да добие затворска казна до 30 години.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата