Голден Стејт останува без Стеф Кари најмалку три недели

Од:

Шампионот на НБА, Голден Стејт Вориорс ќе треба да се справат без Стеф Кари барем во наредните три недели.

Магнетната резонанца покажала дека лидерот на „воините“ има повреда на менискусот на левото колено, а оваа дијагноза автоматски го вади од игра до крајот на регуларната сезона, па дури и го става под прашање неговото учество во првите натпревари од плеј-офот во април.

Двократниот добитник на наградата за „Најкорисен играч“ на сезоната стана жртва на „пријателски оган“ и беше повреден од клупскиот колега Џавеил Мекги при победата над Атланта, за која Стеф придонесе со 29 поени за само 25 минути на паркетот.

Така проблемите со повредите во Голден Стејт се продлабочуваат, откако Кевин Дурант и Клеј Томпсон исто така имаат здравствени проблеми и тоа најверојатно ќе го откаже тимот од Калифорнија од битката за првото место на Западот.

Очекувањата се дека Квин Кук ќе продолжи да биде стартен бек за шампионите, а минутите од клупата ќе се делат помеѓу Патрик МекКау и Шон Ливингстон.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот