Харден стигна до 2.000 поени, Хјустон го подобри рекордот

Од:

Во Хјустон се оди како по сценарио, а со победата со 114:91 над гостите од Њу Орлеанс, „рокетс“ го подобрија клупскиот рекорд за најмногу освоени натпревари во рамките на една сезона.

Тоа беше 59 победа за тимот од Тексас, кој има и 14 порази во сезоната досега, но самоуверено го држи првото место во Западната конференција.

Досегашното најдобро достигнување беше дело на шампионскиот тим на „ракетите“ од сезоната 1993/1994.

Најзаслужен за патот на домаќините кон победата беше Џејмс Харден, кој постигна 27 поени, иако шутираше слабо од тројка (3/11), додавајќи кон тоа и осум асистенции и шест скока. „Брадата“ е првиот играч што постигнал 2.000 поени во НБА оваа сезона.

Швајцарскиот репрезентативец Клинт Капела заврши со 18 поени, 16 скока и 6 блока, Ерик Гордон постигна 19 поени, а Рајан Андерсон и Џералд Грин имаа по 16, односно 14 поени.

„Ракетите“ постигнаа 18 тројки од 47 обиди и не го почувствуваа отсуството на Крис Пол, кој го пропушти вториот натпревар поради повреда.

Ентони Дејвис постигна 25 поени за „пеликаните“, а Шеик Диало одигра една од неговите најдобри партии и постигна 15 поени. Гостите беа без Ражон Рондо и Никола Миротиќ.

Резултати од НБА:

Филаделфија – Минесота 120:108

Детроит – Чикаго 117:95

Орландо – Феникс 105:99

Мемфис – ЛА Лејкерс 93:100

Далас – Шарлот 98:102.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот