(ВИДЕО) Стаменковска: СДСМ излажа дека бројот на министрите во владата ќе биде намален од 26 на 20

Од:

„СДСМ од опозиција ветуваше намалување на бројот на министри во владата од 26 на 20. СДСМ од позиција на власт не го намали бројот на министерски места. Бројот на министерски места остана ист.

СДСМ пред граѓаните за време на својата предизборна кампања, но и во својата програма се обврза пред граѓаните дека бројот на министри во нивната влада ќе изнесува 20, ветувајќи дека и тој број дополнително ќе го намалуваат.

Граѓаните секојдневно беа убедувани дека доколку СДСМ ја добие довербата и формира влада, власта ќе биде одговорна и нема да ги троши парите на граѓаните на голем број на министерства и броен кабинетски персонал. СДСМ две ипол години во континуитет им ветуваше на граѓаните одговорна власт. 10 месеци откако СДСМ е на власт во Република Македонија, гледаме целосна неодговорност кон граѓаните и државата“, изјави Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Бројот на министри е ист, а кабинетскиот персонал зголемен. Уште при преземање на власта, владините министри побрзаа да ги наполнат своите кабинети со таканаречените шарени револуционери и активисти на СДСМ како советници. Ова е спротивно од тоа што го ветуваа.

Дополнително СДСМ ветуваа дека откако ќе го намалат бројот на министрите, ќе преминат на намалување на бројот на пратениците на бројка од 90 до 100. Ништо од ова не е реализирано.

Наместо намалување на бројот на пратеници, СДСМ и ДУИ без постоење на реална причина изгласаа зголемување на бројот на потпретседателите на Собранието на Република Македонија, од 3 на 5. Зголемувањето на бројот на потпретседатели е трошок за државата, а не потреба.

СДСМ го користи Буџетот како средство за намирување на коалициските договори. Власта наместо за нови инвестиции од Буџетот на граѓаните ги плаќа бројните министри во владата, новите потпретседатели во Собранието и бројниот кабинетски персонал во владата и министерствата.

Оваа неодговорна власт не работи за доброто на граѓаните. Оваа неодговорна власт расипнички се однесува со Буџетот на државата, неконтролирано се задолжува и неодговорно менаџира со државните ресурси. Колку побргу си замине оваа ненародна власт, толку подобро за државата и граѓаните“, рече Стаменковска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците