Кривична пријава за маскиран разбојник од Гевгелија

Од:

Маскиран разбојник со закана со нож врз вработена во продавница во Гевгелија, одзел над 700 евра. Полицијата веднаш го пронашла крадецот, а судија по претходна постапка му одредил притвор од 30 дена.

Од МВР соопштија дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Д.П. (41) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение засторено кривично дело „разбојништво“. На 22 март 2018 година околу полноќ, Д.П. со закана со нож извршил разбојништво во продавница во Гевгелија. Додека вработената била на каса, Д.П. влегол маскиран и со нож и се заканил да ги даде парите. Таа се исплашила, ја отворила касата и му дала 43.745 денари од дневниот пазар, по што Д.П. побегнал.

Набргу по пријавување на настанот, од страна полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија Д.П. бил пронајден и лишен од слобода.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он