Хуманитарен ракометен турнир во Кичево

Од:

Во спортската сала „Јанчица“ во Кичево денеска се одржува хуманитарен турнир, во организација на Општинска организација Кичево при Црвениот крст на Република Македонија.

На турнирот учессвуваат екипи од Кичево, Прилеп, Битола и Ресен, а натпреварите се играат во машка и женска конкуренција. Настанот е во склоп на ЦКА-ПХВ програмата преку која младинците од Кичево имплементираат мали проекти за заедницата.

Сите собрани средства од турнирот ќе бидат наменети за социјално загрозено семејство од село Манастирско Доленци.

Програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст на Република Македонија. Таа се имплементира во сите општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува околу 1.200 младинци, потенцијални волонтери во организацијата и 40 дисеминатори кои работаат со младинците.

Според Ивана Лазеска од Црвен Крст -Кичево, на годишно ниво се изработуваат од 150 до 200 мали проекти преку кои им се помага на околу 3.000 лица во нашата земја и токму во склоп на оваа програма е организацијата на овој турнир на кој резултатот не е во прв план.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ