Сообраќајот во центарот на Скопје утре во период од два часа ќе биде пренасочуван

Од:

Во периодот од 15 до 17:15 часот утре сообраќајот во централното градско подрачје во Скопје ќе биде пренасочен по одредени сообраќајници поради уличната акција организирана од здружението Млади европски федералисти на потегот од Собранието на Република Македонија до Скопско кале.

Како што соопшти МВР, трасата на движење на уличната акција е од пред Собранието и продолжува кон Порта Македонија, низ градскиот плоштад Македонија, Камениот мост, плоштадот „Филип 2“, по улицата „Иљо Војвода“, десно по надвозникот над булеварот „Гоце Делчев“, десно по улицата „Самуилова“ пред платото на црквата “Св. Спас“, лево по сервисната улица кон Скопско кале и потоа назад кон македонското Собрание по истата траса.

Акцијата е замислена како мирен марш низ центарот на градот преку која ќе се испрати порака за европското единство и поддршка за евроинтеграциските процеси на Македонија и државите од Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски