Општина Центар Жупа ќе им помага на жителите во решавање на имотно-правните односи

Од:

Општина Центар Жупа како и други општини низ државава, се соочува со појавата на нерасчистени имотно правни односи, што дополнително го забавува процесот на легализација на дивоизградени функционални објекти.

Ова за МИА го изјави Шахин Шаќир, раководител на одделението за урбанизам, кој дообјаснува дека всушност станува збор за имот кој се уште е заведен на име на дедовци, кои што поодамна се починати и за истиот имот не се покренати оставински постапки за да се пренесе недвижниот имот на наследниците, во случајов земјиштето.

– Во истиов период на територијата на цела Македонија актуелен е законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, популарно наречен закон за легализација и по истиот и ние како општина постапуваме и посредуваме при комплетирање на потребната документација за успешно решавање на поднесените барања за легализација. Во самата постапка се соочувавме со проблеми од имотно правни односи што значи согласно законот за легализација неотповиклив е доказот за согласност со барањето заверено на нотар со сопственикот на земјиштето, кој што во многу случаи е починато лице, вели Шаќир.

Како одделение за урбанизам, додава тој, поднесовме точка за расправа пред Советот на општината со образложение за проблемите со кои што се соочуваме, а барателите веќе живеат во диво изградените објекти од кои што голем број не се ниту приклучени на електродистрибутивниот систем на ЕВН, а предуслов за приклучок на објектот е истот да е регистриран на име на барателот во Агенцијата за катастар на недвижности.

– За да може да се комплетира постапката за легализација на име на барателот пред Советот предложивме да донесат одлука со која ќе ни дадат поддршка да можеме како доказен материјал да ја користиме изјавата дадена на нотар од страна на евентуални можни наследници на земјиштето без решени имотно правни односи и таквите изјави да можеме да ги користиме како доказен материјал во постапката за легализација на објектот, додека имотно правните односи да си ги решаваат сами после тоа, односно да не се чека решавање на оставинска постапка, туку побрзо да можеме да им дадеме решенија за легализација на барателите за да можат да го користат објектот за својата намена, вели Шаќир.

Според него наишле на разбрање кај советот и во рамки на законските норми, ветено е што е можно побрзо да биде донесена согласност за тоа.

Инаку, кога станува збор за текот на легализацијата во оваа општина за утврдување правен статус на бесправно изграден објект доставени се 2.151 барања, при што решени се 708 или 32 отсто од вкупниот број поднесени барања.

– Другите барања или 1.443 барања не се решени или поради некомплетирана документација или поради нерешени имотно правни односи со земјиштето. Според моја оценка може да се рече дека околу 20 проценти од овие барања се со нерешени имотно правни односи, посочува Шахин Шаќир, раководител на секорот за урбанизам во општина Центар Жупа.

Освен на оние кои сакаат да ги легализраат дивоградбите, секако оваа заложба на општината ќе им биде од корист и на многу други свои граѓани кои се соочуваат со проблемот на нерешена оставнина околу имотот на нивните предци.

Би можело да ве интересира

Во гимназијата во Центар Жупа има само 14 матуранти, иселувањето го празни регионот

Жител на село Долгаш без причина тепал дете во училишното игралиште

А1он

Во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа во првото пријавување во прва година запишани само 10 ученици

Поради масовната миграција: Во гимназијата во Ростуше само 12, во Центар Жупа 18 матуранти

Горан Наумовски

Кривични пријави за дебраните кои се истепаа во слаткарница во Центар Жупа

Битката со Ковид-19 ја загуби поранешниот градоначалник на Центар Жупа

А1он