Џафери на 138. Собрание на Интерпарламентарната унија во Женева

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери од денеска до 28 март ќе учествува на 138. Собрание на Интерпарламентарната унија што ќе се одржи во Женева.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието соопштија дека тој ќе ја предводи собраниската делегација во чиј состав се пратениците Томислав Тунтев, Јован Митревски, Димитар Стевананџија, Реџаил Исмаили, Африм Гаши, Јулијана Николова и Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието.

Џафери ќе се обрати на Собранието на Интерпарламентарната унија, а најавени се и билатерални средби.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието