Златан Ибрахимовиќ нема да го дочека крајот на сезоната во Манчестер јунајтед, а кариерата ќе ја продолжи во Лос Анџелес Галакси за кои ќе потпише договор на 18 месеци со плата од 1,5 милиони долари по година, што според правилата во американската МЛС лига е максимум за играчи кои не ја почнале сезоната.
– По 33 освоени трофеи во Европа, по играњето за најдобрите клубови ширум светот, играњето со најдобрите играчи во светот, сакав да дојдам во САД и да играм тука. Сакам луѓето да уживаат во моите игри, а доаѓам да победувам. Возбуден сум што во Галакси ќе можам да дознаам каков е фудбалот во МЛС. Сакам да сум дел од тоа и да го направам подобар, истакнува Ибрахимовиќ.
ЛА Галакси се уште го немаат официјално потврдено неговото доаѓање, но претседателот на клубот Ден Бекерман соопшти дека целата приказна е вистина.
Бекерман за „ЛА Тајмс“ нагласи дека „Лос Анџелес е место за ѕвезди и дека Ибрахимовиќ ќе биде најголемата ѕвезда која некогаш играла во нивниот клуб.