Атланта на Тата Мартино со историска титула во МЛС

Од:

Тимот на Атланта е новиот шампион во МЛС лигата на САД. Пред рекордна посетеност од над 73.000 гледачи, на можеби најмодерниот стадион во светот – „Мерцедес Бенц Арена“, играчите на Тата Мартино го освоија финалето со 2:0 против Портланд Тимберс, станувајќи за прв пат во својата историја првак на американската фудбалска лига.

Интересно е дека ова се случи во само втората нивна сезона меѓу најдобрите во САД, но сепак не успеаја да го подобрат постигнувањето на Чикаго Фајер, кој триумфираше уште во деби годината пред две децении – 1998 година.

Топ-стрелецот на шампионатот, Џозеф Мартинез го постигна рекордниот 35-ти гол оваа сезона во 39-тата минута. Фудбалерот од Венецуела искористи грешка во одбраната на гостите, откако се избори за топката и го совлада голманот. Тој го собори рекордот на МЛС, кој го држеа тројца фудбалери – Рој Ласитер (1996), Крис Вондоловски (2012) и Бредли Рајт-Филипс (2014) – 27 постигнати гола за една сезона.

На почетокот на втората половина, трибините експлодираа по втор пат. Тоа се случи во 54-тата минута, кога аргентинскиот дефанзивец Франко Ескобар ја испрати топката по втор пат во мрежата на Портланд, откако Мартинез ја спушти со глава. Голот беше трет за дефанзивецот кој ја имаше својата дебитантска сезона во САД.

Дваесет и пет-годишниот Мартинез пак влезе во историјата како трет играч со гол и асистенција во финалето на МЛС. Најкорисниот играч за сезоната (Мартинез) стана и МВП во финалето. Тренерот Тата Мартино, пак, се збогуваше со навивачите откако го презема националниот тим на Мексико.

Би можело да ве интересира

Тепачка на мечот Остин-ЛА – Кјелини ги смири „завојуваните“ страни

Фудбалерите на Њујорк за прв пат американски шампиони

Ана Ололовска

Колумбос ја освои титулата во МЛС

Ана Ололовска

Ибрахимовиќ номиниран за три награди во МЛС

Наум Локоски

Ибрахимовиќ: Меси мора да се пресели во МЛС

Ана Ололовска

Ибрахимовиќ: Сакам да го подобрам фудбалот во американската МЛС лига

Наум Локоски