Американско-кинескиот трговски спор предизвика пад на берзанските индекси

Од:

Индексите на азиските и европските берзи денеска имаа значителен пад, откако Пекинг возврати на одлуката на Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за зголемување на царините за увоз од Кина.

На европските берзи исто така се забележани големи падови на индексите. Германскиот ДАКС се намали за 1,5 отсто, францускиот ЦАЦ 40 за 1,4 проценти, а британскиот ФТСЕ 100 за 0,6 отсто.

На Берзата во Токио претходно денеска индексот Никеи се намали за 4,5 отсто, што е негов втор најголем пад последнава година, јужнокорејскиот Коспи опадна за 3,2 проценти, хонгконшкиот Ханг Сенг за 2,5 отсто, шангајскиот композитен индекс за 3,4 проценти, а австралискиот СП/АСИКС 200 се намали за два отсто.

Берзата во Волстрит по вчерашниот значаен оад на индексите и денешното тргување го почна со загуби.

Американската администрација вчера најави царини на кинескиот увоз во вредност од 48 милијарди долари како и ограничување на кинеските инвестиции. Трамп нагласи дека тоа е реакција на „кражба на американската технологија“.

Трговските претставници на САД идентификуваче 1.300 производни линии кои би можеле да бидат цел на новите давачки, вклучувајќи производи на вселенската, информациската и комуникациската технологија, како и производството на машини.

Загриженоста околу трговскиот конфликт, кој би можел да предизвика хаос во светската економија е продлабочена откако Кина возврати на американските мерки, најавувајќи дека ќе воведе поголеми царини на стоките од САД, меѓу другото и на свинското месо, јаболката и челичните цевки.

Американско-кинеската трговска војна не проблем само на тие две земји, туку и за другите азиски држави затоа што тие се поврзани со синџирот на снабдување. Јужна Кореја е најголем трговски партнер на Кина, а САД се на второто место.

Администрацијата на Трамп наведе дека царините за челик и алуминиум засега нема да важат за Европската унија, Канада, Мексико, Аргентина, Бразил и Австралија, на што реагираше јапонското Министерство за трговија изразувајќи жалење затоа што и Јапонија не е изземена од царините.

Би можело да ве интересира

Студентот обвинет за палење автомобили на „Тесла“ се соочува со голема затвор

Горан Наумовски

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари