ВИДЕО: Шилегов ќе го гради мостот во Аеродром, нереализиран проект на Трајановски

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, ќе го гради мостот што е дел од изборната програма на неговиот претходник Коце Трајановски. Станува збор за нова сообраќајница што ќе ги поврзува Аеродром, Гази Баба и Центар.

Од Ново Лисиче до Саем, според Шилегов, ќе се патува пет минути. Целосниот проект ќе чини 16 милиони евра, од кои половина средства ќе бидат за изградба, а другата половина за експропријација. Сумата на чинење за изградба е за 3 милиони евра повеќе од пресметката на Коце Трајановски.

„За овој проект никој во Градот Скопје ја немаше изготвено ниту основната планска документација. Планирано е градежните активности да почнат во септември. Треба да се отстранат 100 објекти, а постоеше и алтернативен начин, со договор меѓу општините да се изгради сообраќајница за која ќе требаше да се експроприраат 20 објекти. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Градот Скопје не учествуваа во донесувањето на оваа одлука, а советот во Гази Баба одби да го ратификува договорот“, вели градоначалникот Шилегов.

Проектот предвидува да се поврзат со мост булеварот Асном, хотел „Русија“, преку Вардар и низ населбата Керамидница до раскрсницата кај Скопски саем. Освен мостот, Шилегов најави градба на нов булевар со шест коловозни ленти, велосипедски и пешачки патеки.

Градбата на овој коридор беше предвидена со изборната програма на Коце Трајановски „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобро Скопје“, а требаше да биде изграден до 2015 година. Градоначалникот Петре Шилегов предвидува дека мостот ќе биде завршен до септември 2020 година.

К.Л.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Митевски: Не планирам изградба на монтажни гаражи во Аеродром

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски