По повод Светскиот ден на водата 22 март, во ООУ „Партенија Зографски, Општина Кисела Вода, се одржа работилница на тема „Нашата драгоценост – водата“.
Имено, работилницата „Нашата драгоценост – водата“ се реализира во организација на ЈП Водовод и канализација – Скопје. Додека, проектот е на Асоцијацијата за едукација, спорт, култура и здравје „Едико плус“. Презентацијата за заштита на водата пред учениците ја одржа м-р Антонио Момировски.
На оваа работилница учениците од V одделение твореа на темата „Нашата драгоценост-водата” пишуваа стихотворби и раскази. Покрај ова, најмладите своите креативни идеи ги реализираа и преку разни изработки од специјален вид на глина во боја.
Воедно, проектот кој од почетокот на оваа работна недела се одвиваше во шест скопски општини има за цел да ја покрене свеста на најмладите за заштита и рационално користење на водата.