Лауда: Мерцедес има предност од 0,2 секунди

Од:

Шефот на Мерцедес Ф1, Ники Лауда верува дека предноста на шампионите над конкурентите сега е околу две десетини. На тестовите во Барселона, Мерцедес не ги употребија најмеките „хиперсофт“ гуми и Лауда е повеќе од убеден во доминацијата на „сребрените стрели“ во 2018 година.

– „Хиперсофт“ опцијата не беше дел од нашата програма. Главниот наш фокус беше на сигурноста, бидејќи оваа сезона се дозволени само три мотори. Подготовките ни беа подобри во однос на минатите години, па одиме во Австралија прилично спокојни, откри Лауда пред австрискиот весник „Кронен Цајтунг“.

Обложувалниците го сметаат Мерцедес за фаворит пред првиот тркачки викенд за сезоната.

– Јас не сум букмејкер и немам поим како тие ги подготвуваат своите проценки. Гледам максимум две десетини предност пред Ред Бул, а Ферари – дури се по нив, додаде легендарниот Ф1 пилот.

Лауда меѓутоа е меѓу специјалистите кои не го сакаат најновиот задолжителен елемент на автомобилот, т.н. „ореол“.

– Сега многу тешко можеш да го видиш шлемот на пилотите. Навивачите не можат да откријат кој седи во болидот, па мора да се размисли за тоа, додаде поранешниот шампион.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур