Кина забележа економски раст од 7,8 проценти во 2012.

Од:

Економскиоит раст на Кина забележа забавување до 7,8 проценти во 2012 година, поради надворешни и внатрешни негативни фактори, соопшти кинеската Национална статистичка служба.

Темпото на раст, кое е најслабото во изминатите десет години, бележи пад во однос на нивото од 9,3 отсто во 2011 година и 10,4 проценти во 2010 година.

Бруто домашниот производ во земјата се зголемил за 7,9 проценти во последното тримесечие по седум тримесечија едно по друго на постојано економско забавување. Во 2012. година БДП достигнал 8,28 билиони долари.

Кина очекува темпото на растот на економијата оваа година да изнесува 8,4 проценти.

Би можело да ве интересира

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски