Македонски уметници ќе изработат фоторепортажа за изложбата за „2001: Одисеја во вселената“

Од:

Во Филмскиот музеј во Франкфурт од денеска до 23 септември 2018 е отворена ретроспективната изложба „2001: Одисеја во вселената – 50 години“ во чест на култниот филм на Стенли Кјубрик од 1968 година.

На синоќешното отворање на изложбата присуствуваа и режисерот Јане Алтипармаков и фотографката Наташа Гелева.

– По официјалната покана на извршниот продуцент на Стенли Кјубрик, Јан Харлан, ја имаме честа да присуствуваме на свеченото отворање на изложбата по повод 50-годишнината од култниот филм „2001: Одисеја во вселената“ во Филмскиот музеј во Франкфурт како претставници на македонската културна сцена. Овие два дена ќе изработиме и ексклузивна фоторепортажа за поставката, изјави Алтипармаков.

Изложбата за половина век од филмот, кој и официјално од Американскиот филмски институт е прогласен за најдобар научно-фантастичен филм, е составен дел од Кјубрик-фестивалот, иницијатива од Фондацијата „Стенли Кјубрик“.

Содржини на Кјубрик-фестивалот досега се поставени во Мексико и Данска, а дел од фестивалот беше и Македонија преку ревијата филмови на Кјубрик на минатогодишниот Скопски филмски фестивал.

На јубилејната изложба во Франкфурт посетителите ќе имаат можност да погледнат артефакти од снимањето на епскиот научно-фантастичен филм – познати, но и не толку познати за пошироката јавност.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски