Град Скопје демантира дека постројката во ГТЦ е затворена

Од:

Градот Скопје остро ги демантира наводите и дезинформациите објавени на интернет порталите во кои се тврди дека кратко по враќањето на 50 во ГТЦ, оваа постојка повторно е затворена, со што се манипулира јавноста.

„Ве информираме дека пренасочувањето на движењето на автобусот со број 50 е привремено заради изведување градежни работи, односно се врши реконструкција на улицата којашто минува под ГТЦ. По завршувањето на оваа реконструкција автобусите повторно ќе застануваат на автобуската постојка во подрумот на ГТЦ. Воедно, сакаме да Ве потсетиме дека за повторното отворање на оваа постојка не беа потрошени финансиски средства на Град Скопје.

Во тој контекст сакаме да ја информираме јавноста дека медиумите не треба да ги доведуваат во заблуда корисниците на ЈСП изнесувајќи полувистини и претставувајќи ги привремените сообраќајни режими како постојани“, соопштуваат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан