Разрешен шефот на британската компанија за собирање на податоци „Кембриџ Аналитика“

Од:

Управниот одбор на британската компанија за собирање на податоци „Кембриџ Аналитика“ го рареши својот шеф Александар Никс, додека се води независна истрага за неговите активности.

Управниот одбор соопшти дека причината за разрешувањето е изјава на Никс пред новинар на тајна задача на британската телевизија Канал 4 Њуз, која „не ги претставува вредностите на компанијата и неговото разрешување ја покажува сериозноста со која компанијата гледа на прекршокот“.

Телевизијата емитуваше тајно сниман состанок на еден од своите новинари со Никс, кој вели дека компанијата за собирање податоци и политички консултации одиграла важна улога во победата на Доналд Трамп на претседателските избори во 2016 година, вклучувајќи ги и „сите податоци, анализи и цели“.

Никс, исто така, вели дека „Кембриџ Аналитика“ користела електронска пошта со „тајмер за самоуништување“ во предизборната кампања на Трамп за да не можат да се следат нејзините активности.

– Нема докази, нема траги на хартија, нема ништо, рекол Никс.

Телевизијата информира дека Никс ги дал тие изјави пред новинар кој се претставил како богат клиент кој сакал да ја употреби „Кембриџ аналитика“ за да влијае врз предизборни кампањи во Шри Ланка.

„Кембриџ Аналитика“ е под истрага во Велика Британија за користење на лични податоци на корисници на Фејсбук за да помогне во кампањата на Трамп.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Три жени ранети во престрелка во Англија