Со австриски искуства до дуално образование за продуцирање квалитетни и обучени кадри

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, министерката за образование и наука д-р Рената Дескоска и заменик министерот за образование и наука д-р Арбр Адеми остварија средба со делегација од федералната стопанска комора на Австрија, предводена од потпретседателот д-р Рихард Шенц, придружуван од амбасадорката на Република Австрија Н.Е. г-ѓа Ренате Коблер.

На средбата се разговараше за економската соработка помеѓу двете земји, презентирани се мерките од Планот за економски раст, а особен фокус беше ставен на имплентирање на системот на дуално образование во македонскиот образовен систем со цел продуцирање на квалитетни и обучени кадри за потребите на македонските компании.

Вицепремиерот Анѓушев потенцираше дека Владата започна со имплементација на новата индустриска политика, преку мерките од Планот за економски раст, со кои се очекува раздвижување на економската активност во земјата, нови инвестиции и работни места за граѓаните.

„Мерките кои ги донесовме се атрактивни и апликативни и за компаниите кои веќе работат и за нови инвеститори. Очекуваме мерките да имаат позитивни ефекти за технолошки развој на компаниите, што ќе значи повисока продуктивност, ефикасност и конкурентност на македонската економија. За постигнување на одржлив и интензивен економски раст и развој, неопходно е и образовниот систем да продуцира стручни кадри за потребите на пазарот на трудот“, истакна Анѓушев.

Министерката за образование и наука Дескоска посочи дека Владата е посветена на реформи во образованието и дека за економијата е значајно образовниот систем да биде применлив во пракса.

„Интензивно работиме на унапредување на образовниот систем, бидејќи квалитетното и соодветно образование е темел на општествениот и економски развој. Целта ни е образовните инстутиции да продуцираат стручни и компететнтни кадри за да се задоволат барањата на компаниите, а со тоа да се намали невработеноста. Наша намера е да ја искористиме позитивната пракса од австрискиот модел на дуално образование и на тој начин да го подобриме школскиот систем, особено во стручните образовни институции“, истакна Дескоска.

Потпретседателот на федералната стопанска комора на Австрија, Рихард Шенц, кој беше придружуван од претставници на австриски компании, членки на комората, ги истакна мерките од Планот за економски раст како добра можност за развој на компаниите и ја искажа подготвеноста за поддршка во имплементација на дуалното образование во македонскиот образовен систем.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски