Општина Василево гради атмосферска канализација над селото Градашорци

Од:

Општина Василево започна со изградба на атмосферска канализација над селото Градошорци со која ќе се спречи поплавувањето на ова населено место.

За решавањето на овој, како што рече градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, „децениски проблем“, ангажирано е Јавното претпријатие за комунални дејности „Турија“.

– Години назад, при секоја појава на посериозни врнежи, се поплавуваат големи површини на земјоделски површини и она што е уште посериозно се поплавуваат домовите на граѓаните во еден дел од населеното место. Досегашните интервенции, кои главно се сведувале на копање на каналот за време на дождовите или после нив, откако штетата е веќе направена, се само обиди за санирање на последиците. Сериозните проблеми бараат сериозни решенија. А ова е токму такво, сериозно и долгорочно. Атмосферската канализација каква што сега ја градиме ќе значи спречување на последиците, заштита на земјоделските површини и домовите од поплави, рече градоначалникот Јанев.

Прифатените води ќе се влеваат во постојниот отворен канал, кој поминува под магистралниот пат Струмица-Радовиш и преку него во реката Струмица.

Должината изнесува околу 200 метри, а средствата за негова изградба во висина од околу 1,2 милиони денари се обезбедени од буџетот на општина Василево.

Би можело да ве интересира

Водата и во Општина Василево не е за пиење и употреба

Катерина Ѓуровски

Избувнал голем пожар во близина на индустриската зона во Василево, спасени се индустриски објекти

Кандидатот за градоначалник на Василево од ВМРО-ДПМНЕ нападнал активисти на СДСМ тврдат солијалдемократите

Катерина Ѓуровски

Советот на Василево даде согласност за настава со физичко присуство на учениците

Ана Ололовска

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Василево

Ана Ололовска

Пендаровски во Босилово и Василево: Нема да дозволиме некој да се коцка со иднината, ќе победиме, масовно да излеземе на избори и да заокружиме број 3!