Кливленд остана без тренер, поради здравствени проблеми Лу не може да ги исполнува обврските

Од:

Финалистот од минатата сезона во НБА, Кливленд остана без тренер за неопределен период. Тајрон Лу нема да ги исполнува обврските поради здравствени проблеми, а Леброн Џејмс и останатите играчи на Кавалирс ќе бидат предводени од Лери Дру, кој беше избран за привремен заменик на Лу.

– Поради мојата здравствена состојба, како и по многуте разговори со лекарскиот тим и раководството, решив дека ми треба одмор. Треба да заздравам, за да можам да се вратам целосно кон обврските во подоцнежна фаза од сезоната. Имам болки во градите и други вознемирувачки симптоми, вклучувајќи проблеми со спиењето. Но не знаеме каква е точната дијагноза, гласи коментарот на Лу во официјалното соопштение на клупскиот сајт.

Генералниот менаџер на „Кавс“, Коби Алтман изрази целосна поддршка кон Лу. Лери Дру ќе го наследи на тренерската позиција, откако досега беше асистент во неговиот штаб.

– Ја ценам поддршката на Ден Гилберт, Коби Алтман, медицинскиот тим и целата организација. Не сакам тоа да влијае на тимот на каков и да е начин, а се надевам дека ќе се вратам наскоро и ќе продолжиме кон целта, а тоа е освојување на титулата, истакна тренерот.

Педесет и девет годишниот Дру е дел од Кливленд од 2014 година наваму, а инаку има четири полни сезони како тренер – три со Атланта и една со Милвоки, со вкупен биланс 143-169.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот