Општина Кисела Вода започна со пролетно чистење

Од:

Акција за пролетно расчистување отпочна денес во Општина Кисела Вода. 50-тина сезонски работници ангажирани од Општината преку Секторот за месна самоуправа, распоредени во повеќе тимови од денес, па во нaрeдните неколку дена ќе работат во урбаните заедници Цветан Димов и населбата Драчево.

Се чисти рачно и со помош на камиони. Каде што има потреба се кастрат и исушените гранки од дрвјата. Доколку дозволат временските услови, сметот ќе се чисти од сите месни и урбани заедници и акцијата ќе трае во наредните две до три седмици.

Општина Кисела Вода ја користи оваа прилика уште еднаш да апелира за подигнување на свеста на граѓаните во поглед на правилното одложување на сметот и незагрозувањето на животната средина.

Би можело да ве интересира

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он

Стаменкоска Трајкоска: Во изминатите четири години во Кисела Вода се работеше за народот, така и ќе продолжиме

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Четири години локална власт во Кисела Вода предводена од ВМРО-ДПМНЕ, четири години развој на општината

Ѓорѓиевски: Повеќе од 20 спортски терени се изградени изминативе четири години во општина Кисела Вода

Почина жена, а малолетник е во Ургентен центар по пад од зграда во Кисела Вода