Градоначалникот Филип Темелковски заедно со секретарот на Општина Кисела Вода Александар Алексовски и дел од раководителите од општината остварија средба со жителите од МЗ Подстаница.
И на овој работен состанок, Темелковски ги слушна проблемите и потребите на граѓаните, за кои нагласи дека доколку истите се во надлежност на Општина Кисела Вода набрзо ќе бидат решени. Додека, за останатите проблеми и барања ќе се исконтактира со соодветните институции во чија надлежност се истите. Темелковски информираше дека изработката на ДУП – от за село Драчево и за Подстаница е при крај. Градоначалникот истакна дека развојот на Општина Кисела Вода ќе биде подеднаков, како во руралниот така и во урбаниот дел. Воедно, присутните беа информирани дека Општина Кисела Вода е средно задолжена општина како кон Светска банка, така и кон фирми и други институции.
Покрај ова, граѓаните избраа и нов Совет на МЗ Подстаница. За свои претставници тие ги избраа: Јовица Никчевски, Стојанче Стојановски, Кире Арсовски, Борче Илиевски, Игорче Џиковски, Борче Арсовски и Сашо Илиевски. За претседател на Советот на МЗ Подстаница избран е Арсовски Кире.
Вечерва градоначалникот Филип Темелковски ќе оствари работен состанок со жителите од месната заедница Стаклара Каменик. Истата ќе се одржи во училиштето во Усје, со почеток во 19:00 часот.