Грчката полиција соопшти дека разби меѓународен синџир на трговци со луѓе, чии членови со бродови криумчареле стотици луѓе, претежно од Сирија преку Турција до Грција и Италија.
Во акцијата во Атина и на островот Родос уапсени се 14 лица – осум грци, петмина сиријци и еден ирачанец – а уште 14 се приведени во Турција, Белгија и Германија.
Мрежата на криумчари, која ја предводел еден од уапсените сиријци, земала меѓу 1.200 и 2.500 евра по лице за транспорт од Турција во Грција, додека за деца важела само половина цена, соопштија грчките власти.
Властите запленија и брод и глисер кои криумчарите ги користеле. Криумчарите биле инволвирани во најмалку 10 случаи на трговија со луѓе, во кои учествувале околу 340 мигранти.