Четири лица тешко повредени, 30 сообраќајки викендот во Скопје

Од:

Четири лица се тешко повредени, а 20 се здобиле со полесни повреди во 19 од евидентирани 30 сообраќајки изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во 11 сообраќајки е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција санкционирала 91 возач за пречекорување на дозволената брзина на движење, а исклучила од сообраќај 68 возачи, 12 под дејство на алкохол, 50 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и шест возачи почетници.

Од сообраќај се исклучени 42 возила, од кои 40 биле нерегистрирани, и по едно технички неисправно и за претовар.

Изречени се 285 мерки за непрописно паркирање, а „пајакот“ кренал 153 возила.

Казнети се и четворица пешаци за поминување надвор од пешачки премин, пет за поминување на црвено светло, како и 14 возачи за поминување на црвено светло, три не дале првенство на минување на пешаци, шест неправилно се престроиле, а еден за неправилно престигнување.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози