Американката Микаела Шифрин забележа уште еден триумф оваа сезона во Светскиот скијачки куп, откако попладнево во шведски Оре по двете возења беше убедливо најбрза во слаломот.
Таа трката ја заврши со вкупно време 1:46.42 минута или 1.58 секунди побрзо од второ пласираната Венди Холденер од Швајцарија.
Третото место и припадна на Швеѓанката Фрида Хансдоттер, која беше побавна само една стотинка од второ пласираната Холденер.
За Шифрин ова беше седмата победа со која го потврди малиот Кристален глобус од слалом, а од порано го обезбеди првото место во Генералниот пласман во СК и големиот Кристален глобус.