(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Заев ги излажа граѓаните и претседателот Иванов дека униформите и парите нема да бидат двојазични

Од:

Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека владејачкото мнозинство на сила и без почитување на амандманската расправа го донесе неуставниот закон за двојазичност. Според него, со тоа се прекршени Уставот, законот и Деловникот на Собранието на Република Македонија.

– Со овој неуставен, неприменлив и штетен закон, без постоење на реална потреба се наметнува двојазичноста на целата територија на Република Македонија. Со овој закон се предвидува и двојазичност на парите, ковани и книжни, но и на униформите на полицијата, пожарникарите и здравствените работници. Овој закон е во целосна спротивност со Уставот и амандманите 5 и 8 од истиот. Овој закон ја загрозува унитарноста на државата и единството на полицијата, како орган. Ова е сосема спротивно од ветувањата на Зоран Заев дадени пред македонската јавност и претседателот на државата Иванов, а искажани од партиска прес конференција на 10 март 2017 година, на која Заев кажа дека уставните експерти кои ги консултирал му укажале дека двојазичноста на парите и униформите е спротивна на уставните одредби, рече Ѓорѓиевски.

Тој рече дека со новиот закон за двојазичност парите, ковани и книжни ќе бидат двојазчни, исто како и униформите на полицијата, пожарникарите и здравствените работници.

– Законот за двојазичност е неуставен, тоа го потврдија и експертите по уставно право а и претседателот на нашата држава. СДСМ наместо интересите на државата и граѓаните, на преден план ги стави коалициските интереси. Владејачкото мнозинство не ги испочитува забелешките на претседателот Иванов, за неуставноста на законот за двојазичност. СДСМ и ДУИ се ставија над Уставот. Оттука чекорот на претседателот Иванов да не го потпишува указот на законот за двојазичност е државнички потег и единствено очекуван потег кога се крши Уставот и се дерогира правото, рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ не го признава овој закон и никогаш нема да го признае овој неуставен закон.

– ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека за ова флагрантно кршење на правниот поредок на државата одговорност ќе има. ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација и кривична пријава против Талат Џафери, кој ја узурпираше функцијата претседател на Собранието на Република Македонија, рече Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази стана џелат на правдата и ги спасува криминалците од СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија