Кривична пријава против наставник од Тетово за малтретирање ученик

Од:

СВР Тетово поднесе кривична пријава против тетовецот Н.С. (44) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.

Како што соопшти МВР, пријавениот, вработен како наставник во Основното училиште „Пашко Васа“ во с.Копачиндол, на 26 јануари, годинава, за време на наставата, физички нападнал 14-годишен ученик во училиштето.

– За време на часот ученикот побарал да биде ослободен за да ја земе тетратката од дома, но од страна на наставникот не бил пуштен. По ова, ученикот побарал од свој соученик празен лист од тетратка за да пишува, но пријавениот му се доближил и со рацете го оттурнал ученикот, а потоа главата му ја удрил од клупата, нанесувајќи му телесни повреди, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец