Се изработува нов генерален урбанистички план за Неготино

Од:

Се изработува нов генерален урбанистички план за Неготино бидејќи постоечкиот не е променет 15 години, информираше денеска неготинскиот градоначалник Тони Делков. По негов налог, стручните служби пристапиле кон изработка на нов план со опфат на целиот град Неготино и пошироко.

– Големината на планскиот опфат изнесува 545,12 хектари, во најголем дел се движи по границите на катастарските парцели, а со изработката на планот треба да се обезбедат површини за градба за планираните намени во согласност со важечките стандарди и прописи, соопшти Делков.

Тој нагласи дека по усвојувањето на новиот план ќе се создадат услови за изготвување сообраќајно решение за градот со изградба на три кружни текови, нови паркинг простори, како и промена на намените кои се усогласуваат со барањата на физичките и правните лица кои се во рамки на законската регулатива.

Делков додаде дека со изработката на овој план треба да се создадат услови за градба на објекти кои ќе овозможат позитивни ефекти со својата функција врз непосредното опкружување од аспект на повисока организација, инфраструктурна опременост и уреденост на просторот, со крајна цел остварување економски ефекти, манифестирани преку привлекување инвеститори и изградба на стопански капацитети и отворање на нови работни места и урбанизација, развој и напредок на населените места.

Потсети дека со овој план се планираат примарната инфраструктура и наменските зони во градот, а врз основа на усвоениот ГУП, се изработуваат деталните урбанистички планови.

Би можело да ве интересира

Две жени се повредени во сообраќајка во близина на Неготино

Горан Наумовски

Приведен 48-годишник од неготинско село за напад врз малолетниот внук

Маж со нож и се заканувал на сопругата

Кавадарчанец е тешко повреден во сообраќајка

Изгоре покрив од куќа при пожар во Неготино

Тешко повредено едно лице откако со возило удрило во паркиран автомобил во Неготино