Атанасов: Напредок во разговорите со Србија за отстранување на трговските бариери

Од:

Контролите на српското брашно редовно се вршат и оваа година, во изминативе два и пол месеца не се детектирани никакви отстапувања во однос на безбедноста, рече денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов.

Лани, како што наведе Атанасов на прес-конференција, Македонија врати 75 тони брашно во Србија, но не поради небезбедност, туку поради несоодветно означување.

Во врска со вчерашната прва седница на Мешовитиот комитет меѓу Македонија и Србија што се одржа во Белград и на која, меѓу другото, требаше да стане збор за маркичките на брашното, Атанасов информира дека е разговарано за надминување на досегашните вештачки бариери кои ја отежнуваа размената.

– Направен е напредок во разговорите со Србија во делот на признавањето на одредени лабораториски анализи што досега беше проблем, истакна директорот.

На прашањето како ги оценува ГМО-анализите што ги прави Србија на македонскиот ориз, Атанасов рече дека тоа се вид вештачки, скриени бариери кои само го отежнуваат процесот на извоз, а токму за тоа се разговара, за нивно натамошно отстранување.

Би можело да ве интересира

Од денеска трговците со повеќе од 10 вработени на денван основа цените треба да ги имаат на веб страниците

АХВ прави чистка пред Велигден: уништени месо, јајца, бои, ракија

АХВ и МВР во магацин во Маџари пронајдоа 40 тони небезбедни сувомесни производи

Катерина Ѓуровски

АХВ: Ќе се уништи 1.980 килограми небезбедно замрзнато месо

АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите ланци на маркети

Инспекторите на АХВ под лупа ги ставија и болничките кујни

А1он