Попладнево на улица Трифун Пановски во скопската населба Карпош пред влез на зграда е пронајдено машко лице со тешки телесни повреди.
Телото го здогледал случаен минувач во 17 часот и 40 минути. Според МВР, повредениот веднаш е пренесен во Ургентен центар, а полицијата ја утврдува причината за случајот.
Засега нема потврда дали се работи за пад од висина, за обид за самоубиство или нешто друго.