Денес, претседателот на Движењето БЕСА, Африм Гаши, оствари средба со амбасадорот на Албанија во Скопје, неговата екселенција, господинот Фатос Река.
На овој братски состанок се разговараше за актуелните политички процеси низ кои поминува Македонија. Гаши го поздрави гласањето за законот унапредување на јазиците во Собранието, нагласувајќи дека клучни гласови за усвојување на овој закон беа петте гласови на Движењето БЕСА.
Исто така, председателот Гаши истакна дека БЕСА ќе продолжи да придонесува за сите прогресивни процеси кои се поврзани со Македонија и со неопходните реформи за интеграција на земјата во НАТО и во ЕУ.