Транспарентен избор на судии и немешање на политиката, предуслови за независно судство

Од:

Транспарентна потапка во изборот на судиите, немешање на политиката во остварувањето на човековите слободи и права, поголема автономија на правосудниот ситем, квалитетна дебата за донесување на законите, се дел од предусловите што треба да се исполнат за да се постигне Македонија да има независно и одговорно судство, сметаат учесниците на денешната Конференција „Како до независно судство – закони и добри практики“, што се одржа во македонското Собрание.

– Политиката нема право да се меша во процесите на остварувањето на правата и слободите на граѓаните, спротивно на тоа правото нив треба да ги заштити од политиката. Независноста на судството е можно во општества каде законодавната и извршната власт не учетвуваат во назначувањето на јавните судии и обвинители, рече Милева Ѓуровска, претседател на Европското движење во Република Македонија и координатор на НКЕУ-МК.

Квалитетот на судството, рече, не се потигнува со смена на судии и нивна замена со некои „поподобни“, туку со поголема автономија на правосудниот ситем и адекватна примена на легислативата.

Вицепремиерот за задолжен за европски прашања Бујар Османи истакна дека реформите во правоудството се приоритет на планот 3-6-9 и оти тие треба да ги дадат очекуваните промени.

– Суштинските промени во правосудсвото претставуваат основен предуслов за создавање правично, независно и ефикасно судство, кое пак е предуслов за изградба на правично, демократско и современо општество. Без суштински напредок во правосудството, не можеме да очекуваме општествен, економски или политички напредок, кажа Османи.

Во изминатите години, рече, состојбите во правосудтвото се движеле во надолна линија што било нотирано и во Извештајот на ЕК.

– Токму заради тоа е потебата да се направи реформа на системот што ќе води кон воспоставување систем слободен од какви било политички влијанија кој ќе работи непристрасно, незавино и професионално во интерес на граѓаните. Потребата да се врати довербата на јавноста во системот е една од причините зошто реформата во правосудството е прв приоритет во планот 3-6-9, рече Омани.

Пратеничката Соња Мираковска смета дека за независино и непритрасно судство е потребен добар законодавен дом, кој ќе донесе добри законски решенија што ќе ја отсликуваат реалната сотојба и ќе ги решаваат постојните проблеми.

Освен тоа, посочи Мираковска, потребно е да има и солидна имплементација, а не тие да отанат само добри решенија на хартија.

Би можело да ве интересира

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

По заканите Петровска побарала обезбедување, пред неа истиот се заканувал и на судијка

Предраг Петровиќ

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

(ВИДЕО) Случајот со Невена Спасеска повторно од Собранието: Обвинувања за корупција во Центарот за социјална работа

Предраг Петровиќ

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд