Градоначалникот на Неготино Тони Делков, денеска ги прими крводарителите кои дарувале крв по 50, 75 и сто пати, заедно со претставниците на неготинскиот Црвен крст.
На средбата тој беше информиран од нив, дека во секој момент се подготвени да даруваат од скапоцената течност која спасува човечки животи.
– Станува збор за дарители на крв кои досега имаат остварено 50, 75 и 100 крводарувања и имаат огромен придонес во остварувањето и надминувањето на годишните планови на Црвен крст Неготино за реализирани крводарувања, што пак општинската организација ја сместува меѓу десетте најдобри општини во Република Македонија.
Претседателот Тошко Настов го запозна градоначалникот Делков дека планот за минатата година е реализиран со 128 отсто, односно наместо планираните 654, во општинскиот Црвен крст се собрани 857 крвни единици од вкупно регистрираните 1.000 крводарители, од кои активни се 500, информира портпаролот Методи Митрев.
Градоначалникот Делков им честитал на признанијата на активистите- хуманисти.
– Паралелно иницираше во соработка помеѓу локалната самоуправа и Црвениот крст, да се спроведе конкретен проект за едукација на населението преку трибини, дистрибуција на флаери, едукација и слично, за да се подигнува свеста кај нив, особено кај младата популација за значењето на крводарувањето, бидејќи тоа е еден од начините бројот на крводарители и крводарувања во општина Неготино постојано да се зголемува.
Градоначалникот Делков на лицата кои имаат дарувано крв 50, 75 и 100 пати им додели благодарници. Исто така и Црвениот крст му врачи благодарница на Делков за поддршката што ја добиваат од него како градоначалник и од општина Неготино, соопштува Митрев.